Почетна > Балкан > „Лепа Брена“ како бренд – во САД се продава леб со името на балканската ѕвезда

„Лепа Брена“ како бренд – во САД се продава леб со името на балканската ѕвезда

///
Comments are Off

Сопственик на пекара во Соединетите Американски Држави неодамна гостуваше во подкастот „Only in America“, каде откри дека во својата понуда вклучил и специјален производ – леб што го носи името на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Лепа Брена.

„Лебот го продаваме во Америка и се вика Лепа Брена, вели пекарот, објаснувајќи дека токму ваквите симболични детали се начин да се привлече вниманието на дијаспората, која е секогаш жедна за парче традиција од родниот крај.

Покрај лебот, најголема побарувачка имаат бурекот и питата, два од најомилените традиционални производи на Балканот, кои успешно се пласираат и меѓу американските потрошувачи.

Интересно е што Лепа Брена со текот на годините често знаела да го преточи својот статус во бизнис. Во Нови Сад, на пример, таа има киоск каде што се продава познатата плескавица. Освен тоа, уште во деведесеттите огромна популарност добија и куклите со нејзиниот лик, кои денес претставуваат вистински колекционерски предмет. На интернет-платформи и половни пазари нивната цена достигнува и до 4.500 денари.

Со ова се потврдува дека името Лепа Брена не е само музички бренд, туку и културен симбол кој инспирира производи – од музички хитови, преку кукли и киосци со плескавици, па сè до леб во американска пекара.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Емоција без граници: Александар Ичев со успешна турнеја ја слави македонската музика во Австралија (Фото+Видео)
Недела резервирана за македонска традиција: Нова епизода од „На Здравје“ во недела во 20 часот (Видео)
Фолк дивата Елена Јовческа во полн сјај: Нови песни, видеоспотови и концерти низ Европа (Фото)
Борче Наумовски – Министерот за естрада: Од скијачките патеки на Пелистер до голем концерт во Хераклеа (Фото)