Хрватската музичка икона Јосипа Лисац повторно привлече внимание со својот необичен моден израз. На својот Инстаграм профил, 75-годишната дива сподели фотографија покрај море, каде што позираше на палуба облечена во црна тесна комбинација со долги ракави и панталони што целосно го покриваа нејзиното тело.
„Мала пауза пред она што доаѓа. Повеќе наскоро!“, напиша Јосипа, оставајќи впечаток дека се подготвува за нов музички проект или изненадување за својата публика.
Под објавата веднаш се појавија бројни коментари од нејзините обожаватели: „Убава“, „Прекрасна“, „Браво, Јосипа! Брилијантна“, „Вистинска дама со уникатен стил!“, пишуваат следбениците, додека некои не ја криеја својата зачуденост: „Како тоа, таа никогаш не се сонча? Секогаш заштитена, ова навистина ме изненади!“.

Инаку, ова не е првпат Јосипа Лисац да избере целосно затворено издание во летните месеци. Таа повеќепати нагласила дека не може да го поднесе директното сонце и дека внимателно ја штити својата светла кожа од штетните зраци.
Со својот автентичен стил и бескомпромисна индивидуалност, Лисац и по седум децении живот и натаму успева да остане уникатна, а нејзината последна објава само ја потврдува титулата – диво со свој неповторлив белег.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски
 
					
 
	 
	




