Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Mарија Петковска, Милан Завков и Баже Маротов…

“7/8” со Mарија Петковска, Милан Завков и Баже Маротов…

///
Comments are Off

Секое ново шоу “7/8” ни доаѓа се поскоро и ни носи нови гости расположени за разговор, смеа, пеење, а богами и мајсторско свирење. Вечерва наши и ваши гости ќе бидат фолк пејачката Марија Петковска, маестро по хармоника Милан Завков и професорот по контрабас Благоја Баже Маротов. Од нив ќе слушнеме како пред се го поминаа периодот на пандемијата како тема која многу ги засегна сите музичари со престанувањето на свирките и настапите, а потоа и за делот од нивните професии и како се носат со нив…..Марија како воспитувачка во градинка, Милан како член (веќе 21 година) во, големиот за нас, ансамбл “Танец” и Баже како професор по контрабас кој ќе ни ја открие својата формула за успешен однос со неговите ученици. Помеѓу се ќе слушнеме многу песни и секако ора кој за оваа прилика ги одбраа гостите.

Премиерно во емисијата ќе ги слушнеме Влатко Ѓорѓиев и Џељо Дестановски со нивната “Катлановска четворка” и мал разговор со нив околу екипата која работеше на овој нивни нов проект. Од Пробиштип ни доаѓа Ненад Коцевски кој покрај тоа што е дипломиран економист ќе каже дека најмногу се пронаоѓа во музиката и приватниот бизнис (фризерството). Ако недостасува уште музика тука се секогаш и нашите драги Анета и Јовица заедно со група “Молика” и дел од “Молика Оне”. Едноставно кажано….сите што не пратат веќе знаат дека на фреквенцијата на BalkanMusicTv со почеток од 20 часот следува популарното забавно и доста гледано музичко шоу “7/8″…повелете на уште едно дружење и музицирање!!!