Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Перо Христов, Адријана Алачки и Благоја Грујовски…

“7/8” со Перо Христов, Адријана Алачки и Благоја Грујовски…

///
Comments are Off

Искусни во она што го работат, тројцата имаат допирни точки и со музиката и со водителството, кој порано а кој подоцна….екипата која ќе ве дружи со своите интересни моменти од животот, поранешни и сегашни ангажмани, а сите расположени за песна ја сочинуваат нашите познати фолк пејачи Перо Христов, Адријана Алачки и Благоја Грујовски. Со своите 70 години кои одлично ги носи, нашиот Перо Христов ќе не почести со неговите бисерни “Ангелина” и “Во црно вино утеха нема” и самиот ќе каже и докаже дека сега на овие години најубаво пее во својот живот. Адријaна и Баже ќе го искористат пак своето гостување за да се пофалат со новиот ТВ проект “Везилка” кој ќе има задача да ги претстави градовите во Македонија со сите убавини, тајни, познати личности и препознатливи јадења кои ги мамат туристите. Кога станува збор за играта “Ако криеш – ќе пиеш”, нашата Анита ќе се намачи најмногу до сега да добие одговори на некои прашања од гостите и за прв пат ќе биде приморана да им прогледа “низ прсти” поради нивната тврдоглавост.

При толку пејачи гости како музичко освежување и дополнување освен Анета Мицевска ќе ни се претстави младата и талентирана со глас Софија Пуровска, ќерка на маестро Зисо Пуровски. Со својот избор на песни и краток разговор, таа ќе не изненади со љубовта кон народната музика што секако била неминовна кога се расте при татко музичар. Се на се, ова се минути кои веднаш ќе “летнат” со пријатен муабет за минатото и сегашноста и со добра музика. Доволен повод да се остане на фреквенцијата на BalkanMusicTv со стандарден почеток во 20 часот. За оние што ја пропуштиле премиерата имаме и репризни изданија во сабота (10:30) и вторник (23:00)….а некои едноставно уживаат да не гледаат и по два пати!!!