Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Сузана Гавазова, Драган Даце Николовски и Димитар Митровски…

“7/8” со Сузана Гавазова, Драган Даце Николовски и Димитар Митровски…

///
Comments are Off

Комбинација за вечерва…Сузана Гавазова – најнеуморната фолк пејачка за изминатиот период која и покрај се создаде и промовира најмногу свои хитови, одржа многу свои концерти во живо во домашен амбиент и сеуште успешно ја одржува својата линија и кондиција….Драган Даце Николовски – еден од вокалите на група “Академци”, дел од пејачката група на “Танец” и многу духовит, што ќе го покаже на дело со кажување вицови во студиото…Димитар Митровски – наше “чудо од момче” по хармоника кој со своите 21 година веќе има издадено два свои солистички албуми, скромен и не така многу зборлест, хармониката ќе ни раскаже се наместо него. Како за почеток ќе ги слушнеме со “Апсолутно мој” (Сузе), “Ќе се жeнам јас” (Даце) и “Balkan Fusion” (Димитар), а потоа се знае…ред муабет, ред игрите за опуштање и забава и најмногу музика. Прашањата во рубриката “Ако криеш – ќе пиеш” и овој пат ќе бидат “подбуцнувачки” на што Даце ќе реагира дека не сака поради одговорите да се скара со никого од естрадата.

Покрај тројцата музички гости и стандарните Анета и Јовица доволен ќе биде само еден гостин – музичар за да го збогати музичкиот дел од емисијата. Овој пат друштво ќе ни прави Александар Цветковски кои ќе ни исполни една своја нумера и една омилена по избор од познатиот Наум Петрески. Сите кои изминатите шест месеци ја пратат втората сезона од популарното шоу “7/8”, знаат веќе кога и што ги очекува….20 часот, фреквенција BalkanMusicTv, шоу кое ќе ве насмее и расположи, ќе ви даде прилика да ги видите нашите гости и во едно друго поинакво, опуштено издание и најважно од се, ќе ви даде можност да си ги слушнете омилените хитови и песни за уживање на едно место – секогаш во голем број…