Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Цаки Кисми, Сани Гроздановска и Менде Куновски…

“7/8” со Цаки Кисми, Сани Гроздановска и Менде Куновски…

///
Comments are Off

Вечерва сме со зададена тема за дискусија, а тоа е кафеана…или меана…или кафана како што си ја нарекуваме по “нашки”. А кој има да сподели згоди и незгоди од таму ако не оние пејачи и изведувачи кои најмногу од своите настапи ги имале токму во тоа опкружување. Еден од нив е човекот кој ние отсекогаш си го знаеме како Цаки Кисми и кој скоро целиот свој живот го поминал по кафеанските свирки и забави. Многумина ја паметат и групата “Кисми” која во златното доба на 90-те години ја имаше својата најголема популарност со своите најголеми хитови (две од нив ќе слушнеме и вечерва). По втор пат во емисијата ни гостува и Сани Гроздановска која секогаш е искрена во одговорите, директна и расположена за пеење и веселење. И самата ќе каже дека “каде е Сани таму е забавата”, што би значело во превод дека на нејзините свирки секогаш има многу расположена публика и одлична атмосфера. Од Битола ни доаѓа Менде Куновски кој одлично ќе се вклопи во целиот концепт на шоуто…и со муабетите и со песните. А кога сме кај нив нашите гости ќе испеат дел од најубавите кафански песни меѓу кои “Рано је за тугу”, “Ја те пјесмом зовем”, “Циганине свирај, свирај”, “Кафана је моја судбина”, “Овамо цигани”, “Данка” и други.

Како ќе одминува времето така атмосферата во студиото ќе станува се поопуштена, па така Цаки, Сани и Менде ќе ги споделат со нас сите добри и лоши искуства од кафанскиот живот. Цаки како човек со најголема “кафанска километража” ќе има најмногу што да раскаже и воедно да ги насмее присутните. Како гостин ќе го видиме и слушнеме Спасе Антевски со својот избор на песни и кој меѓу другото ќе го изрази своето задоволство дека повторно настапува и се дружи со своите обожаватели. Музички “шлаг” и овој пат ни се Анета и Јовица сите заедно во придружба на група “Молика”.

Дека нема да зажалите ако одберете вечерта да ја поминете заедно со нас, нема да зажалите. Тука има се што ви е потребно за малку внесување ведрина во нашето сиво секојдневие…опуштеност, смеа и најмногу музика.

20 часот… “7/8” музичко шоу…фреквенција BalkanMusicTv…затоа што ви се допаѓаме!!!