Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Мијата, Огнен Здравковски и Мите Стоилков…

“7/8” со Мијата, Огнен Здравковски и Мите Стоилков…

///
Comments are Off

Вечерашната музичка дружина ќе ги седне на една маса и пред еден микрофон нашите познати, некои повеќе искусни (а некои помалку) Наташа Мијатовиќ – Мијата, Огнен Здравковски и Мите Стоилков. За почеток по најавата секој од нив ќе се претстави со својата најнова и последно сработена песна. Кога некој од гостите има и своја примарна професија, а особено интересна тогаш е секогаш забавно да се слушнат сите згоди и незгоди околу истата. Па така Мијата ќе ни ги пренесе своите импресии околу тоа како успева да се снајде во својата не така лесна работа, контролор на летање. Од друга страна пак ги имаме Огнен и Мите, двајцата со корени од познати музички семејства…Огнен како внук на познатиот маестро Зоран Џорлев и Мите како син на “огненото момче” Горан Стоилков. Какво е нивното искуство од учеството во шоуто “Ѕвездите на Гранд” и што ги обврзува 9-годишниот договор потпишан со нив, ќе ни раскажат накратко самите тие. Вообичаено најмногу простор ќе имаат песните, а богами и доброто весело расположение. Од спремното послужавниче за играта “Ако криеш – ќе пиеш” ќе се испие само една чашка ракија затоа што нашата Анита ќе биде “поблага” со прашањата, ама и гостите ќе бидат поискрени за разлика од некои други претходни.

Покрај тројцата музички гости овој пат ќе изостанат други дополнителни изведувачи. Атмосферата во студиото со својот музички избор како секогаш “ќе ја загрее” нашата Анета Мицевска (еден дует заедно и со Јовица) под будното око на маестро Зисо Пуровски и групата “Молика”. Се надеваме доволна причина за да бидете во наше друштво вечерва во 20 часот на BalkanMusicTv…со популарното музичко шоу “7/8”!!!