Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Андријана Петрушовска, Борче Бока Димитров и Мери Саитова…

“7/8” со Андријана Петрушовска, Борче Бока Димитров и Мери Саитова…

///
Comments are Off

Како што веќе кажавме минатиот пат, започна со емитување третата сезона од нашето и ваше омилено музичко шоу “7/8”. Повторно се отворени вратите за сите наши расположени, расприкажани и распеани гости кои и овојпат ќе ги има во голем број. Па така и вечерва имаме уште една спремна екипа за дружење…Андријана Петрушовска која освен со пеење се занимава и со манекенство, Борче Бока Димитров (дечкото зад клавијатурите) кој настапува заедно со Андријана, текстописец, композитор и пее во црковен хор, како и секогаш ведрата и насмеана Мери Саитова, членка на танцовиот клуб “Ритам плус” која веќе 20 години се занимава со ориентално танцување. Таа во студиото ќе ни се пофали со дел од освоените медали и пехари на повеќето натпревари и ќе ги сподели своите тамошни искуства. Од друга страна своите заеднички искуства од настапите ќе ги споделат Ани и Бока, а нема да го изостават да го пофалат и својот колега гитарист Зоран Николовски, член на “Дуо Рафинерија”.

Александар Ѓорѓевиќ со својата хармоника ќе ни ја навезе “Модерна 2-ка” како за вовед, а потоа ќе го слушнеме заедно со неговиот татко Ранко со една убава македонска песна “Марие, дилбер бела Марие”. Од “Харизма бенд” ни доаѓаат вокалите Александар и Сара кои за оваа вечер ги одбраа нумерите “Круна на љубовта”, преубава балада која е создадена токму за отварањето на свадбените веселби и хитот “Песната може се” со кој ќе се заврши и ова 31-во музичко шоу. За нашите музички домаќини Анета и група “Молика” веќе се е кажано…нивниот избор за вечерва ќе биде “Ајде, ајде моме Стојне”, “Горда Македонка”, “Исплачи се на грудима мојим” и “Божанствена жено” во исполнение на Јовица Наумчевски.

20 часот…фреквенција BalkanMusicTv… звукот на “7/8”!