Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Стојне Николова и Ѓоко Танески…

“7/8” со Стојне Николова и Ѓоко Танески…

///
Comments are Off

Ако ти се погодат гостите спонтани и природни тогаш се добива и таква емисија. Својата позитивна енергија овојпат ќе ни ја пренесат нашите вечерашни гости…фолк пејачката Стојне Николова полна со младешки дух, верба во себе и иднината, позната по својот умерен сексипил и најпопуларниот охриѓанец на музичката сцена кај нас, Ѓоко Танески кој со три збора себеси се опиша како скромен, згоден и најубав. И не згреши затоа што освен надворешниот изглед, убавината на човекот доаѓа и од неговиот дух и расположение. Такви ни “се погодија” сите наши гости кои зедоа учество во 5 – то издание на популарното музичко шоу “7/8”.

Музичкиот дел со своите изведби ќе го збогатат Димитар Митровски (хармоника), Тина Алексовска и нашите веќе одомаќинети музички пријатели Анета Мицевска и Јовица Наумчевски. Како новитет ни доаѓа новата формација на пратечки оркестар во шоуто за кое овојпат силите ги здружија групата “Молика” и дел од “Molika One” под раковоство на маестро Зисо Пуровски.

Дека знаеме од срце да се насмееме ќе ни докажат и разновидните рубрики за кои се погрижи водителката Анита Даева од кои ќе ја споменеме новата “10 прашања” која најмногу ги насмеа присутните во студиото, а се надеваме и вас дома. Повеќе детали не откриваме…дали Стојне знае да сука кифлички и дали Ѓоко ги криел писмата од своите обожавателки пред девојката, ќе морате сами да дознаете исто како и тоа што значи да се ужива во музиката, песните и се она што секој четврток ви го пружа музичкото шоу “7/8”.

Не пропуштајте, вечерва во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv…музичко – забавна емисија што не се пропушта.