Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Адријана Ацевска и Благојче Стојановски – Туше…

“7/8” со Адријана Ацевска и Благојче Стојановски – Туше…

///
Comments are Off

Како предвесник на музичкиот викенд исполнет со многу наши содржини секогаш најпрвин ни доаѓа популарното шоу “7/8″…ударна доза на музика, забава и смеа. Новите игри веднаш ги прифатија и нашите гости и гледачите, а ако атмосферата во вашите домови е иста како во студиото, тогаш е постигната нашата цел. За тоа придонесува секогаш ведрата ни водителка Анита Даева покрај која не може да остане “крут” соговорник и која успева да го извлече најпозитивното од сите. А кога на сето тоа ќе се надоврзат и музичките изведби во живо, можеме слободно да си поласкаме самите на себе дека сме најдобри во тоа што го работиме…за тоа говори гледаноста, коментарите и секоја добронамерна пофалба и критика.

Фолкерите Адријана Ацевска и Благојче Стојановски – Туше ни се главните гости на вечерта и за нив ќе пробаме да “исчепкаме” по нешто од приватниот живот. Во тоа ќе ни помогнат прашањата од гледачите кои може да ги поставувате на нашата ФБ страна и Инстаграм профилот на BalkanMusicTv. И овојпат како засилена музичка подршка имаме многу да ви понудиме…од Кавадарци ни гостуваат вокалите на познатите “Класико бенд” – Ангела Стефковска и Чеде Спасиќ со нивниот избор на македонски песни, од Лос Анџелес преку интернет врска ќе не поздрави некогашната ЈУ – ѕвезда Ален Славица, а за прв пат од постоењето на шоуто нашата камера ќе излезе надвор од студиото за да гостува кај познатиот Љупчо Соколовски и неговото “Sity Sound” студио. Таму на лице место од разговорот со кларинистот Новица Соколовски ќе откриеме што ново “се крчка” на музички план кога станува збор за македонските ора.

Бидете вечерва во 20:00 на фреквенцијата на BalkanMusicTv за да ви откриеме кога ќе се мажи Адријана Ацевска и која женска работа по дома му е омилена на Туше…се разбира и да уживате во музичките изведби кои ги одбраа нашите гости за ова четврто издание во втората сезона на “7/8″…