Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Благица Павловска и Ферус Мустафов…

“7/8” со Благица Павловска и Ферус Мустафов…

///
Comments are Off

Кога ти гостуваат музички имиња од калибарот на Благица Павловска и Ферус Мустафов времето за разговор е секогаш кратко. Нивните музички патишта и животни приказни се толку долги што не може да се “соберат” во една единствена емисија. И затоа, за момент преку разговор ќе се потсетиме на дел од нив, преку песната и музиката ќе уживаме како секогаш, но ова ќе биде и емисија која ќе донесе многу хумор и смеење. А како не би имало смеење кога ви гостува секогаш опуштениот и без “влакна на јазикот” Ферус Мустафов. Со него на сцената ќе настапи и неговиот син Илми за кој Ферус гордо ќе каже дека е подобар од него во владеењето со саксофонот. За 63 – те лета и музички хитови на Благица нема што да се коментира, фолк дивата со гордост си ги носи и годините и хитовите, а допрва ветува и нови.

Гости има многу…од Битола ни доаѓа еден сосема поинаков и карактеристичен глас, Марија Митровска во придружба на нејзиниот брат на хармоника, Димитар…Саит Идоли, човекот со 20 албуми и песни за кои сеуште нема точна бројка…од Штип малите, симпатични и надежни Лина и Драган Костадинови кои публиката ги запозна по нивните музички објави на ФБ. Тука се и нашите гости – домаќини Анета и Јовица што севкупно ни носи една богата и распеана емисија. За ведрата атмосфера е задолжена Анита Даева, а за распеаноста музичката комбинација на “Молика” и “Molika One”.

Кој знае – очекува…кој очекува – ужива…кој ужива – раскажува…

BalkanMusicTv – 20:00 часот…време за семејна и опуштена атмосфера.