Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Спасе Антевски, Марија Луиса и Велибор Џаровски – Џаро…

“7/8” со Спасе Антевски, Марија Луиса и Велибор Џаровски – Џаро…

///
Comments are Off

Уште при првиот поглед на екипата за вечерва се знае кој ќе има најмногу да раскажува за себе, онака темпераментен и зборлест иако годините веќе си ги има. Важно е дека сите добро ќе се забавуваат, ќе си се пофалат по малку и најмногу ќе пеат затоа што музиката е секогаш на прво место кај нас…музичко забавно шоу “7/8”. А екипата е следна:

-Спасе Антевски – има широк музички репертоар, ама по малку “влече” накај српскиот можеби затоа што “му лежи” на бојата на гласот, сака лов, риболов и фудбал, учествува понекогаш на фестивалите и вели дека му недостасува уште некоја песна за да го комплетира албумот, моментално подготвува песна наменета за западниот крај на Македонија насловена како “Шербет блага невеста”…

-Марија Луиса – провокативна млада пејачка од Битола, сака професионално сработени “фотки” кои добро ќе ја изрекламираат, од многу свирки и настапи нема доволно време да им одговори на сите оние кои и пишуваат, идејата за своето уметничко име го добила од бугарската војвотка Марија Луиса, подготвува нова песна во соработка со Бока Рафинерија за која вели дека ќе биде со брз ритам…

-Велибор Џаровски – Џаро – од Вардар до Триглав познат како “кралот на местенките”, во својот живот има работено најмногу со Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Мишо Ковач, Тереза Кесовија и многу други за кои ќе има што и да раскаже, има преживеано 7-часовна операција и вели дека е сеуште спремен за нови местенки, неговата ќерка Милица е автор на книгата за него “Џаро, највечи режисер титоизма” за која сака да направи промоција во сите поголеми градови низ поранешна Југославија, ќе ја раскаже приказната за музичкиот хит “Мамо, мамо Џаро ми е драг” која на “увце” ќе му ја испее и наша Анета во студиото, зборлест до бескрај за кого би биле потребни уште многу емисии…

-бонус гости – Александар Терца Мишковски и Себо Мехаилов со свој избор на песни, како и нашите домаќини по музика Анета и група “Молика”.

Секој четврток ние сме тука за вас…спремни за разговор и музички “потковани” за сите генерации и нации, а ги има многу што не следат. Следете не и вие со почеток од 20 часот само на најраспеаната музичка телевизија BalkanMusicTv!!!