Почетна > Седум Осмини > Нова сезона на “7/8” со Круме Спасовски, Горан Станишев (Тандеми) и Верица Василевска (Ритам Плус)…

Нова сезона на “7/8” со Круме Спасовски, Горан Станишев (Тандеми) и Верица Василевска (Ритам Плус)…

///
Comments are Off

Тоа што публиката го бара, тоа треба секогаш да и се понуди. И затоа нашата верна публика си го доби најпозитивното и најраспеано музичко шоу “7/8”, шоу кое веднаш со својата содржина и енергија се всади во сетилата на гледачите. Истото постави нови стандарди како треба содржински и визуелно да изгледа и звучи една музичка емисија за која секогаш постои желна публика, која знае многупати и критички да биде настроена. А ние веднаш успешно го положивме тестот и еве вечерва стартуваме со новата сезона на музичкиот ураган наречен “7/8”.

Многу ни е мерак кога во студиото ни доаѓаат гости за прв пат. Така ќе биде и оваа вечер затоа што во убавата и пријатна музичко – забавна атмосфера ќе ни се придружат и….Круме Спасовски – доајенот на македонската изворна и чалгаџиска песна кој сеуште активно работи и ужива во музиката, но и максимално ги исполнува своите пензионерски денови…Горан Станишев – член на групата “Тандеми” кои веќе 21 година се на нашата македонска фолк сцена, а тој со својот глас пробува позитивно да делува и на своите пациенти во болницата “Систина” каде работи….и госпоѓа Верица Василевска – претседател и тренер во еден од настарите и најпознати танцово – спортски клубови во Македонија “Ритам Плус” која ќе не запознае со нивната долгогодишна и успешна работа. Како музичко засилување ќе ни се придружи и Снеже Радичевска со својот музички избор на песни. И оваа сезона наши постојани музички домаќини ќе бидат групата “Молика” со Анета Мицевска и Јовица Наумчевски. Нашата шармантна и секогаш позитивна водителка Анита Даева ќе се потруди со своите старо – нови содржини да ги пречека и опушти сите гости во студиото каде секогаш најмногу простор и оставаме на музиката и се разбира песната.

Затоа вечерва во (20:00) ве покануваме заедно да ја отвориме новата сезона на музичко – забавното шоу “7/8”. Се надеваме дека во оваа 2022 година со желбите на сите луѓе за поуспешна, посреќна и побериќетна година ќе се најде и нашата желба…годината да ни тргне на подобро и секој повторно да си го работи она што најдобро знае и умее. Нашето е да пееме, свириме, да ве забавуваме и да траеме во недоглед…затоа што “музиката е најдобриот лек за срцето и душата”!!!