Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Каан Мазхар, Лидија Паскова и Ване Биков…

“7/8” со Каан Мазхар, Лидија Паскова и Ване Биков…

///
Comments are Off

По кратката летна пауза еве не повторно со популарното музичко шоу “7/8″ на фреквенцијата на BalkanMusicTv. Велат дека тоа што не прави среќни и опуштени треба постојано да го практикуваме, а тоа во нашиот случај се музиката, дружењето и позитивната енергија која настојуваме секогаш да ја почувствувате преку нашата емисија. Се додека имаме ведри и расположени за музика гости, се додека имаме ведри и расположени домаќини и се додека имаме ведра и расположена за музика публика, ќе не има и нас…”7/8” – мега популарно музичко шоу каде се пее од срце и тоа на сите јазици, каде музиката е најважна и каде се презентираат сите новитети од македонската поп и фолк музичка сцена. И затоа….продолжуваме понатаму со полна пареа.

Вечерва имаме емисија каде ќе се вкрстат турскиот и тиквешкиот темперамент. Наши и ваши гости ќе бидат Каан Мазхар (несудениот фармацевт), Лидија Паскова (кротка и со спортски дух поткована) и Ване Биков ( во слободно време готвач и гурман истовремено)….секако Лидија и Ване познати на нашата публика како вокали на популарните “Ориентал бенд”. И овојпат ќе се пее од се по нешто и за сечии ќеиф, а нашата Анита ќе ги размрда гостите со рубриките “10- те најбрзи” (во последно време преминати во “5 -те најбрзи”), “Ако криеш – ќе пиеш) и ќе слушнеме по некоја згода и незгода од нивните настапи и семејни веселби. Како “бонус” гости ќе ги видиме и слушнеме Елизабета Костадинова од Радовиш и 11 – годишниот Ерденај Сенлендричи Сали на кларинет, прогласен за “Најдобар млад инструменталист на светско ниво” во Њујорк. Со него на еден елегичен начин ќе завршиме уште едно весело и музички распеано шоу.

Вечерва во 20 часот…”7/8″ – само за вистинските љубители на колоритната и разнолика музика…и за оние кои љубат да се смеат и забавуваат!!!