Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Благица Калева, Ташко Каранфиловски и Живко Динев…

“7/8” со Благица Калева, Ташко Каранфиловски и Живко Динев…

///
Comments are Off

Од јужните краишта на нашата ни убава Македонија вечерва ни гостуваат топли, срдечни и секако за песна расположените гости Благица Калева, Ташко Каранфиловски и Живко Динев. Од нив ќе дознаеме како го поминаа периодот на “музичкото затишје” во минатата година, како се живее во нивните градови Струмица и Ресен и дали им недостасува според нив нешто ново, што им се случува на приватен план и како се чувствуваат сега кога повторно почнаа со работа. Па така, Благица ќе се пофали дека по неколку одложувања, пред извесно време се одржала долгоочекуваната свадба на нејзината ќерка Марија…Живко одлучил да изгради викендичка во родното место Вељуса…Ташко пак имал повеќе време да му помага на својот татко кој одгледува јаболка и се пофали дека кај нив секогаш се работи со песна и во позитивна атмосфера….и уште многу други “муабети” што би рекла наша Анита. Многу песни ќе има и во ова наше 34-то издание каде освен гостите ќе ги видиме и слушнеме и “бонус” гостите од Кавадарци, Васко Мелов и Александар Ѓорѓевиќ кои освен родбинската врска ги поврзува и љубовта кон инструментите. Пред нашата публика тие ќе се претстават со авторскиот “Разигран чочек” и едно старо машко македонско оро насловено како “Чупурлика”.

Стандардни ни се Анета и Јовица кои овојпат се одлучија за три македонски бисер песни, се разбира сите во придружба на групата “Молика” и будното око на маестро Зисо Пуровски.

20 часот…фреквенција BalkanMusicTv…музичко шоу “7/8”.