Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Марија Груевска, Александар Наков и Александар Јосифовски…

“7/8” со Марија Груевска, Александар Наков и Александар Јосифовски…

///
Comments are Off

Вечерашното ново издание на музичкото шоу “7/8” носи една поинаква, специфична по многу нешта, комбинација на гости. Тука на едно место ќе се најдат и најдобро што можат ќе ни се претстават со своите музички изведби, двајца наши претставници во српското шоу “Ѕвездите на Гранд” – Марија Груевска и Александар Јосифовски. Како за почеток тие одбраа два големи хита на познатите “Парни ваљак” со што уште на самиот старт на емисијата ќе покажат дека ова ќе биде малку различна музичка вечер….различна по жанровите со кои се занимаваат, стилови на музика со кои располагаат, начин на претставување пред публиката овде и во соседството и желбата да се успее и овде и таму. Тоа на некој начин им успева и на двајцата, Марија со своите екстравагантни креации во српското шоу за кои ни откри дека ги осмислува заедно со својот тим и Александар со својот рокерски стил кој му донесе и гостување кај познатите “Дивље јагоде” на нивниот 40-годишен јубилеј од постоење. Како трет гостин ќе го видиме и познатиот новинар Александар Наков кој меѓу другото ќе го претстави новиот музички проект “Заблескај” со целиот свој концепт.

Необично издание и по тоа дека на едно место ќе се најдат многу битолчани…гости со по две изведби ќе бидат Марија Митровска во придружба на нејзиниот брат Димитар Митровски и Марија Луиса. Тука се и нашите домакини – гости Анета и Јовица заедно со групата “Молика”, а наша Анета со изведбата “Anyone” (Demi Lovato) уште еднаш ќе го покаже својот раскошен глас и талент поради што со право многумина ја нарекуваат “златно грло”. А крајот исто како почетокот, ефективен со една оргинална изведба на Александар Јосифовски и “Ружица си била” во придружба на неговиот колега од бендот Мартин Милевски.

И така на едно место ќе се испреплетат народната и забавната музика, попот и рокот…нешто што одамна не сме го понудиле на нашата публика и нешто што повторно сите ќе посакаат да ни се случи во студиото – експлозија од звуци.

20 часот….BalkanMusicTv….со сигурност ќе ги барате и репризите!!!

(сабота 10:30 и вторник 23:00)