Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Дамјан Стојаноски, Јованка Житарова и Горан Стоилков…

“7/8” со Дамјан Стојаноски, Јованка Житарова и Горан Стоилков…

///
Comments are Off

Во новото издание на “7/8” ќе се дружиме со една интересна музичка дружина…наследникот на незаборавниот Војо – Дамјан Стојаноски, некогаш далечна а сега повторно блиска – Јованка Житарова Јова и еден од “Огнените момчиња” кои жареа и палеа во 90-те години – Горан Стоилков. Нивната професија поврзана со музиката е за многумина лек и смирување на нервите, а како тие самите ги смируваат нервите ќе ни откријат низ разговорот со нашата водителка Анита Даева која ќе проба “да исчепка” и уште многу други детали од нивниот приватен живот…Дамјан вози мотор низ убавите предели на неговото родно место, Јова својата енергија ја троши во теретана, а Горан ужива кога е на риболов. Буквално на гости кажано ни доаѓаат дирекно од Стокхолм, Шведска брачниот пар Снежана и Кирил Ламнјови. За оние кои не знаеа до сега, Снежана е внука на легендарниот ни наш Јонче Христовски, а Кирил е едниот од двајцата познати наши кларинисти, браќата Ламнјови. Во ова издание повторно ќе се комплетираат Анета и Јовица, музичкиот тандем од групата “Молика” кои повторно со својот избор и изведби ќе го привлечат вниманието на сите во студиото и на публиката.

Ретко се случува, ама се случува…во играта “Ако криеш – ќе пиеш” ќе мора да се направи пауза со песна за да се наполнат повторно чашите. Тоа значи дека нашите гости ќе бидат мошне “шкрти” кога се во прашање искрените одговори. Но едно е сигурно дека нема да бидат такви кога се во прашање песните, па затоа и вечерва најмногу ќе се пее. За сите што не очекуваат…

20 часот…BalkanMusicTv…музичко – забавно шоу “7/8″…повелете на музика, дружба, смеа и релаксација.