Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Коки Коцев, Александар Ангелов и Елена Андоновска…

“7/8” со Коки Коцев, Александар Ангелов и Елена Андоновска…

///
Comments are Off

Кога во емисијата ни гостуваат познати инструменталисти тогаш знаеме дека ќе уживаме во нивните разновидни изведби….во нашиов случај од тука “музички ќе прошетаме” и до Унгарија. Јавноста ги знаe како дел од познатата група “Дрим Тим” каде долги години заеднички создаваат и музицираат. Станува збор за Коки Коцев и Александар Ангелов…првиот член на воениот оркестар на РМ, а вториот професор по кларинет. По втор пат (се надева не последен) со нас во студиото ќе биде и Елена Андоновска која ова гостување ќе го искористи за промоција на својот втор солистички албум “Запеало славеј пиле”. Вистинските љубители на изворната македонска музика ќе можат и овојпат да уживаат во нејзините беспрекорни изведби. Од друга страна пак, според концептот на шоуто кое треба да ја забавува нашата публика, ќе дознаеме како се снаоѓаат нашите гости со домашните обрски, што прават во слободно време и слично. Таму некаде при крајот ќе следува роденденско изненадување за Коки и убави желби за Аце кој по емисијата ќе патува за Србија.

Во музичкиот дел како гости ќе ни се придружат Трајче Ангелов (“Росс бенд”) и Горан Ристовски со својот избор на песни, како и нашата Анета сите во придружба на група “Молика”. Трајче ни доаѓа од градот на “белото злато” – Кочани, a Горан живее и работи во Франкфурт, Германија….следуваат и куси разговори по првите изведени нумери, за да ги испочитуваме како што е редот сите наши музички пријатели.

Некои можеби го планираат на големо својот одмор, а ние на големо ги планираме следните изданија на нашето популарно шоу “7/8”. Тука ќе бидеме за сите оние што веќе на големо се навикнаа на нас и не очекуваат секој четврток во 20 часот. BalkanMusicTv…една поинаква телевизија која постои за сите љубители на добрата музика од целиот ни наш регион. Се гледаме и слушаме во 20 часот!!!