Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Ламбе Алабаковски, Орде Неделковски, Џељо Дестановски и Филип Талески…

“7/8” со Ламбе Алабаковски, Орде Неделковски, Џељо Дестановски и Филип Талески…

///
Comments are Off

Дека може да биде интересно и кога се повеќе гости во студиото, и згора на тоа сите “момци”, ќе покаже и докаже вечерашното ново издание на шоуто “7/8”. Интересни моменти од животот, кариерата, смеа и забава кај играта “Ако криеш- ќе пиеш” ве очекува со нашите драги гости…Ламбе Алабаковски кој ќе ни каже зошто по шест години живот во Америка реши да се врати во својата земја, неговите музички планови поврзани со песните на Гоце Николовски…Орде Неделковски и Џељо Дестановски лидерите на групата “Круна”, ќе ни ја промовираат својата нова песна “Свадба ќе правиме” и ќе се пофалат за сегашните и идни многубројни ангажмани кои пријатно ги изненади во периодот после пандемијата…нашето златно ракометно “дете” Филип Талески кој моментално игра за клубот “Вардар” ќе проговори за својата претходна спортска кариера, добрите и лоши искуства со фановите и ќе доживее едно пријатно роденденско изненадување од нашата екипа за својот 26 роденден.

Оние без кои не се може…група “Молика” и Анета, овојпат “засилена” од својот колега Јовица Наумчевски кој се одлучи за три убави македонски песни. Од Швајцарија ќе ни гостува младиот Кристијан Јованов, на јавноста познат од некогашното балканско шоу “Операција триумф”, од кој ќе дознаеме за неговиот живот и музичка кариера во сега неговата матична земја.

Вечерва 20 часот…многу музика, пријатни разговори, смеа без која не се може и на крајот желба за повторно видување и дружење. Бидете со нас на фреквенцијата на BalkanMusicTv!!!