Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Зоран Илиев, Александра Јанева и Бојан Велевски..

“7/8” со Зоран Илиев, Александра Јанева и Бојан Велевски..

///
Comments are Off

Вечерва имаме младешка комбинација на кои заедничка точка им е сцената и контактот со публиката. Од Штип ни доаѓа Зоран Илиев, несуден фудбалер но дипломиран логистичар, победник на “Макфест” во 2011 и 2017 година, започнал на свирките со странска музика но набргу сфатил дека публиката најмногу се забавува со српската музика, моментално има настапи овде но пробува да се пробие и на српскиот музички пазар…Александра Јанева, и таа е два пати победничка на “Макфест” во 2013 и 2016 година со прекрасни песни и изведби, за време на короната ја издаде компилацијата од своите најголеми хитови од чија продажба, за жал, успеа да овозможи само две донации за оние на кои им беше потребна помош, ќе ни раскаже интересна причина за новата песна “Глумиме”…Бојан Велевски, познатиот Ице од детската серија “Наше маало”, сега познат по своите стенд-ап настапи низ целата наша земја, единствениот Македонец кој пред десет години настапувал во тогаш познатиот хрватски клуб “Студио смјеха”, сега вели дека дома чува дете и сака да шета за викендите по нашите убави места низ татковината.

Музички гости за да биде побогато и повесело…Софија Пуровска, ќерка на нашиот маестро Зисо Пуровски која планира да студира психологија, ама нема да ја запостави и музиката…Трајче и Драги Станкови кои своето присуство во емисијата ќе го искористат за промоција на цедето “Македонски ора за кларинет – Станков Трајче 50 години”. Домаќини без кои никогаш не се може…Анета и група “Молика” со свој интересен избор на песни.

За оние кои во четврток одмараат покрај тв екраните, ви нудиме одлична комбинација за релаксирање…на едно место многу музика, искуства, случки од животот, моменти за фалење и планови за иднината.

Вечерва 20 часот…фреквенција BalkanMusicTv…музичко – забавно шоу “7/8” со Анита Даева!!!