Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Игор Ангеловски-Мрме, Ален Хасановиќ и Филип Божиновски…

“7/8” со Игор Ангеловски-Мрме, Ален Хасановиќ и Филип Божиновски…

///
Comments are Off

За вечерва повторно имаме една интересна “музичка репрезентација”, како што ја нарече и самата Анита, затоа што на гости ни доаѓа нашиот до сега најуспешен фудбалски селектор Игор Ангеловски – Мрме. Тој ќе ни ги пренесе сите импресии околу пласманот на Европското првенство кое ни се случува за прв пат во нашата спортска историја. Од друга страна пак тука ќе бидат Ален Хасановиќ и Филип Божиновски, првиот по потекло од Црна Гора и успешен како автор на своите песни кои се слушаат во целиот регион и вториот како единствен “детектив со микрофон” во рацете, но со музиката во срце. За влез во емисијата ќе ги слушнеме со авторската “Тражим те” и “Молитва за Магдалена”. Покрај музичките нумери, малку релаксирана атмосфера ќе ни донесат рубриките “10-те најбрзи” и “Ако криеш – ќе пиеш” каде Филип ќе “се пожали” дека нему му се паднале најтешките прашања.

Во музичкиот дел ќе ги слушнеме Стефан Величковски (“Дипломатик бенд”) и Роки….Стефан нетрпелив за повторно да заживеат свадбените веселби и свирките, а Роки ќе се пофали дека може гласовно да ги имитира сите пејачи почнувајќи од Шабан Шаулиќ па се до Здравко Чолиќ. Стандарт екипа за придружба….Анета и Јовица заедно со проширениот состав на група “Молика”.

20 часот…фреквенција на BalkanMusicTv…музичко шоу “7/8″…емисија богата со многу музика, забава и смеење….сето она што најмногу ни недостасува во последно време.