Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Ирена Спасовска и Спасен Силјаноски…

“7/8” со Ирена Спасовска и Спасен Силјаноски…

///
Comments are Off

“По утрото се познава денот” рекле старите, ама не било секогаш така. Тоа се докажа при гостувањето на познатите Ирена и Спасен кои на почетокот озбилно го започнаа новото издание на шоуто “7/8”. А потоа како одминуваше времето полека се опуштија и….има тука некои пикантерии кои низ игрите полека, полека се открија. Како за почеток Ирена ја одбра песната “Добро утро убав мој” за која самата е автор на музиката и текстот, а Спасен ќе го слушнеме со песната “Ах, да се врати времето” испеана на минатогодишниот Лешочки фестивал.

Гости во музичкиот дел ќе ни бидат и Љупка Арсовска од “DaCapo bend” од Кавадарци и Јове Николовски од оркестар “Фаворити Битола”. Тие ќе ни се пофалат дека за време на паузата со настапи и свирки сепак биле активни, па така сработиле и нови музички проекти кои публиката одлично ги примила. А нашата публика секогаш одлично ги прима сите музички нумери во текот на емисијата кои настојуваме да ги има во поголем број, затоа што “ѕвездата кај нас е песната”.

Закажано време за дружење…20 часот, фреквенција на BalkanMusicTv. Тука за вас ќе бидат Ирена Спасовска, Спасен Силјаноски, Анита Даева, Анета Мицевска со нејзината група “Молика”. Што би рекол Спасен…”Кој сака нека повели да не гледа”…