Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Билјана – Борис Димови и Сања Цинцева…

“7/8” со Билјана – Борис Димови и Сања Цинцева…

///
Comments are Off

Секогаш кога имаме во студиото струмичани, атмосферата е весела, позитивна и понекогаш многу урнебесна. Тоа се должи на струмичкиот темперамент кој тие го поседуваат и ги прави така посебни. Во вечерашната емисија главна “ѕвезда” ќе биде Борис Димов кој од почеток до крај ќе ја истера својаta “шоуменска” улога. А каде е Борис тука е и Билјана заедно со нивната помлада колешка и сограѓанка Сања Цинцева. Ќе се разговара за периодот до пред короната, за измината година без свирки и настапи и се разбира за идните планови. Игрите што секогаш ги осмислува нашата Анита Даева, ќе донесат многу хумор и забава….и урнебесно смеење кога ќе треба Борис да ја изврши својата дадена задача. Но тој ќе се покаже одлично во играњето на стомачниот танц со што ќе предизвика голема смеа на сите во студиото. Несомнено, тоа ќе биде настап за кој уште долго ќе се зборува.

Како музички гости во популарното шоу “7/8” ќе се придружат Миле Атанасов, Даниела Атанасова и Сања Димова, ќерката на Билјана и Борис која реши да тргне по нивните стапки. Ќе се пејат познати наши македонски хитови кои еве вака, на овој начин се пренесуваат на помладите генерации и не оставаме да бидат заборавени. Да ги споменеме и нашите музички домаќини, групата “Молика” и Анета Мицевска кои се најмногу заслужни за тоа како добро звучи секоја изведена нумера во нашето студио.

Ако сте наш постојан гледач и љубител на добрата музика и забава, бидете вечерва во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv. За оние што можеби ќе немаат можност вечерва да не гледаат, следуваат репризните изданија во сабота (10:30) и вторник (23:00).

Бидете опуштени, среќни и музички исполнети со популарното шоу “7/8″…шоу за кое сите зборуваат!!!