Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Анета Мицевска и Јоце Панов…

“7/8” со Анета Мицевска и Јоце Панов…

///
Comments are Off

Во велигденското издание на ова музичко шоу (емисијата се снима однапред) ни гостуваат нашата Анета Мицевска, која веќе си ја чувствуваме како своја домаќинка и Јоце Панов на кого му се погоди емисијата во која треба да се појави. Зошто?…затоа што Јоце испадна дека е голем љубител на салата од варени јајца, па така задачата што му беше зададена по изгубената игра “10-те најбрзи”, воопшто не му беше тешка за исполнување. И тој како Анета има долги километри кога станува збор за свирките и настапите па затоа има и што да раскажува од згоди и незгоди. Анета како и секогаш е онака природна, забавна и симпатична со својот битолски нагласок и професионална до крај кога се во прашање музичките изведби.

А кога станува збор за музичкиот дел тој и овој пат ќе биде разновиден па така ќе слушнеме авторски песни, песни по нивни избор и две дуетски изведби на Анета и Јоце. Како музичко засилување ќе ги видиме Васко Спасов (ДаКапо бенд) и Тихи Ампов во придружба на Александар Ицов со хармоника и кавал. Од нив на кратко ќе дознаеме за тоа како се и што прават во овој период на музичко затишје. Се на се, ова ќе биде едно весело, празнично и многу музички богато издание на “7/8” кое уште еднаш ќе докаже и покаже како треба да си го исполниме времето. Како што кажа и самата Анета со својата омилена мисла…”Се родив кога другите сакаат, ќе умрам кога нема да сакам, затоа ќе живеам како што сакам”…А ние сакаме да живееме само со музика, со насмевки, со уште поголеми дружења за уште поголеми и позначајни моменти.

20 часот, фреквенција BalkanMusicTv…место закажано за музичко – вечерно дружење. За оние кои пропуштиле или сакаат повторно да не следат, репризите се во сабота (10:30) и вторник (23:00). Уживајте!!!