Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Ирена Вељовска, Војче Петрушев и Илија Филиповски…

“7/8” со Ирена Вељовска, Војче Петрушев и Илија Филиповски…

///
Comments are Off

Лека полека, стигнавме и до 14-та емисија од втората сезона на музичкото шоу “7/8″. За концептот на оваа сезона нема многу што да се објаснува….веќе го прифатија, се навикнаа на него и нашите гости, но и нашата публика. А тој со секоја нова емисија ни носи уште повеќе смеа, релаксираност, а најмногу музика. Како што би кажала нашата шармантна водителка Анита Даева…”И додека ви недостасува музиката по кафеаните и веселбите, секогаш ја имате тука кај нас”.

Вечерва ќе се дружиме исто така со една интересна екипа….фолк пејачката Ирена Вељовска која освен со песна ќе ни се пофали и со нејзината одлична физичка подготвеност за која ќе се уверат и самите гледачи и присутните во студиото. Војче и Илија (или како што ги нарече Анита “петок и сабота во музиката”), ќе го започнат дружењето малку поофицијално, за да понатаму постепено се опуштат во атмосферата која секогаш ги понесува гостите. За музичкиот дел со нив ќе биде и Александар Тренкоски на кларинет, сите заедно членови на познатата група “Маестро”.

Како гости музичари со свои изведби и краток разговор ќе им се придружат и Бобан Зафировски (Боби Амадеус), младата Андријана Петрушовска и еден од македонските претставници во познато шоу преку границата, Никола Станишиќ. Стандарна екипа за придружба ќе бидат како и секогаш Анета Мицевска и групата “Молика”.

Се надеваме дека овој краток вовед ќе ви биде доволен мотив да ни се придружите вечерва во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv…фреквенција наменета за музика, музика и само музика. Бидете заедно со нас!!!