Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Александра Јанева и Димитар Андоновски…

“7/8” со Александра Јанева и Димитар Андоновски…

///
Comments are Off

Денешното издание на “7/8” ни носи разговори и музика со еден тандем од забавната музичка сцена, двајцата успешни на свој начин. Во тој стил ќе го започнат и воведниот музички дел….Александра Јанева со својот хит “Еве ме пак” од актуелниот албум “Срце отвори” чии средства од продажбата се наменети за лекување на болните од Ковид – 19….Димитар Андоновски со неговата последно изведена песна на “Макфест” насловена како “Се што правев за тебе”. А потоа се знае каков е редот, се пеат народни песни во чест на традицијата и љубовта кон македонската народна песна.

Во делот на гостите ќе ги слушнеме Димитар Стојковски на хармоника (група “Ж’тем”), Ивана Наумова и Влатко Мартиновски…сите во придружба на стандарните Анета Мицевска и групата “Молика”. Како секоја емисија, нашата Анета повторно ќе не изненади со некоја подзаборавена македонска песна од богатата ризница на нашиот ни надарен и музикален народ. За забавниот и порелаксиран дел од шоуто ќе се погрижи нашата Анита Даева која со своите нови задачи и прашања за гостите, ќе допринесе малку да се насмееме и да прочепкаме по нивниот приватен живот.

Бидете и вие дел од нашето музичко шоу “7/8”, вечерва во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv…со репризни изданија во сабота (10:30) и вторник (23:00).