Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Димитар Андоновски, Сузана Спасовска, Благојa и Магдалена Чоревски…

“7/8” со Димитар Андоновски, Сузана Спасовска, Благојa и Магдалена Чоревски…

///
Comments are Off

Сите оние кои не пратат секој четврток во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv, знаат што ги очекува заедно со нашите домаќини Анита, Анета и група “Молика”, како и со секоја нова екипа што доаѓа на разговор, песни и секако многу смеа. Вечерва за тоа ќе бидат задолжени…Димитар Андоновски, компонира за себе и за другите, работи и театарска музика, одлично се снајде и во менаџерските води и ќе ни се пофали со новата преработка на преубавата “Ако одам во Битола”….Сузана Спасовска, на времето започна со забавната музика, смела во песните и креациите што ги носеше кои и го донесоа прекарот “Сузе национале”, го продолжи аманетот на големата Васка Илиева и гордо не претставува преку познатиот ансамбл “Танец”, вечерва по повод 35 години на македонската естрада ќе ни го претстави својот интересен и уникатен проект под името “Приказна”….Благоја Чоревски, член на Драмскиот театар од далечната 1971 година со многу успешни и впечатливи улоги зад себе, еден подолг период и самиот директор на истиот театар, 50 години во водите на актерството со многу театарски, филмски и тв улоги, сеуште духовит и многу приврзан за својата сопруга Магдалена која ќе го придружува вечерва и самата ќе покаже зошто успешно го прати цели 48 години низ животот.

Во топ форма како секогаш Анета и Јовица со својот избор на песни…Тони и Дани заедно познати како “Дани бенд”, една велешко – скопска комбинација и од Штип ни доаѓа Емилија Иванова.

За сите оние кои сакаат малку поинакво музичко – забавно шоу, ви предлагаме и вечерва да се дружите со нас и нашите драги гости.

Не пропуштајте и нема да зажалите…20 часот на BalkanMusicTV!!!