Вечерва со пoчеток во 20 часот не очекува уште едно ново издание на популарното музичко шоу “7/8”. Наши и ваши гости ќе бидат Елена Велевска и Александар Тарабунов кои веќе имаат заеднички гостувања во други емисии, што би се рекло дека се “пријатели по муабет”. Дека се расположени за пријатни и искрени разговори ќе покаже рубриката “Ако криеш ќе пиеш”, по која сите чашки ќе си останат полни и на број. После играта “10-те најбрзи” најубаво ќе си помине Александар или Тара како што си го викаат пријателите, кој како победник ќе си добие масажа од наша Елена.
Во музичкиот дел освен Елена ќе не опуштат и релаксираат уште Бобан Цаневски и младата Лара Иванова. Своето гостување во емисијата Бобан ќе го искористи за промоција на неговата нова песна “Под јаворот” и ќе не потсети на една безвременска од големиот Шабан Шаулиќ. Младата и надежна Лара со својата последна нумера и спот за “Некогаш ќе помине” ќе ја освежи атмосферата со модерен поп звук. За нашите ценети гости-домаќини Анета и Јовица, по толку поминати емисии веќе нема што да се кажува и најавува…секоја нивна избрана нумера за гледачите е вистинско музичко уживање.
Бидете вечер заедно со нас на фреквенцијата на BalkanMusicTv за да поминете уште една пријатна музичка вечер заедно со нашите гости. Пратете ја нашата ФБ страна за да бидете во тек со следните гости кои ќе ни донесат уште многу возбудливи, забавни и музичко богати емисии. За оние што не пропуштиле или сакаат повторно да се дружат со нас репризните изданија на шото “7/8” се на програмата секоја сабота (10:30) и вторник (23:00). Уживајте!!!