Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Џесика Палашоска и Марјан Коцев…

“7/8” со Џесика Палашоска и Марјан Коцев…

///
Comments are Off

Повторно сме во денот кој ни го носи новото издание на познатото музичко шоу “7/8″…и тоа со нашиот пријател по музика Марјан Коцев и уште едно убаво “битолско чупе” Џесика Палашоска. Таа ќе ни се пофали со своите студии по психологија кои добро и дојдоа во време кога нема настапи и патувања. Нашиот Марјан пак ќе каже дека е среќен што после напорните турнеи и ангажмани на сите страни, својот мир и спокојство го најде во кругот на семејството. По рубриката “Ако криеш – ќе пиеш” водителката Анита ќе констатира дека Џесика си ги испи двете ракии, а Марјан остана само на вода. Тоа значи дека тој ќе биде поискрен во одговорите, додека неговата колешка не сакаше да открие детали за својот приватен живот…

Повторно ќе уживаме во звуците на еден наш познат оркестар, победници на “Гуча” фестивалот за 2013 и 1014 година. Станува збор за Демир Кантуровски и “Уска Кан оркестар” кои најпрвин ќе ни го “извезат” познатото “Кипријановско оро”, a потоа ќе ги слушнеме и во комбинација со бисерниот глас на Анета Мицевска. Женскиот дел од публиката ќе ужива во гласот на Јовица Наумчевски, а со нас ќе биде уште една наша темпераментна музичка гостинка, Лени Партикова. И едните и другите ќе проговорат за плановите во иднина и за тоа како со нетрпение чекаат да продолжат со музиката од каде што застанаа.

И додека да продолжат сите со истото темпо и ритам, тука е нашето познато музичко шоу “7/8″…полно со музика, разговори и забава. Прекратко за сите наши обожаватели кои ги имаме во се поголем број затоа што сме секогаш природни, интересни и многу музички потковани.

Вечерва во 20 часот…фреквенција на BalkanMusicTv…шоу по мерка на сите!!!