Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Драган Темелков, Стојне Николова и Димитар Георгиев…

“7/8” со Драган Темелков, Стојне Николова и Димитар Георгиев…

///
Comments are Off

Оние што ја сакаат нашата дружба ни доаѓаат повторно, а оние кои сакаат добра дружба не ја одбиваат нашата покана. И затоа вечерва по втор пат ќе ни се придружат Стојне Николова и Драган Темелков – Џони. Познато е дека Стојне е ексклузивец на “Мојсо продукција” и сеуште има набиена агенда на настапи, што би се рекло нема време за подолг одмор. По потекло струмичанка, се пофали дека добро се снаоѓа во кујната, но исто така ни откри дека е запишана на Факултетот за криминологија. Секогаш расположена за музичка дружба вечерта ќе ја започне со својата најнова песна од “Роса Фест 2021” – “Ти си живот мој”. И Џони е исто работохолик, веќе 20 години е постојано главен по ноќните забави и со таков ритам сеуште успева да издржи. Признава дека дури 90% од репертоарот му се српски песни кои за жал се повеќе барани на свирките, но би сакал во иднина тоа да се смени во корист на нашата македонска музика. Исто како минатиот пат, наша Анита повторно ќе го “поткачи” за неговите 140 пара патики како нешто специфично за него. Вечерта ќе ја искористи за свој настап, но и за дуети со своите колешки Анета и Стојне. Кога станува збор за врвни спортисти, на големо задоволство во нашето студио ќе ни се придружи и нашиот четирикратен светски шампион во кик бокс Димитар Георгиев од Неготино. Тој одлично ќе се вклопи во целата атмосфера и ќе ни открие од се по малку, за неговите тренинзи, навики, припреми и секако големи успеси…

Во делот на дополнителни музички гости ќе ги видиме и слушнеме Спасе Антевски и гостинката од Бугарија Марија Донова. Спасе премиерно ќе ни ја претстави својата нова песна “Шербет блага невесте” заедно со дел од членовите на КУД “Кочо Рацин. Марија пак за прв пат ќе има свој телевизиски настап токму кај нас, а потоа накратко ќе ни раскаже како започнала да настапува во нашата земја и како е задоволна од сето тоа. За нашите музички домаќини Анета и групата “Молика” не треба некоја посебна најава, нели?!!

Вечерва 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv…следува уште едно издание на музичкото шоу “7/8” исполнето со пријатни муабети и секако најмногу со музика. Не пропуштајте!!!