Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Бобан Мојсовски, Ленче Кукиќ и Влатко Терзиски…

“7/8” со Бобан Мојсовски, Ленче Кукиќ и Влатко Терзиски…

///
Comments are Off

Ова ќе биде една динамична емисија исполнета со многу музика и пријатни разговори со нашите гости, генерациски тука некаде сите…Бобан Мојсовски, композитор, аранжер и сопственик на “Мојсо продукција”…Ленче Кукиќ, секогаш пријатна и расположена за дружење вечерва дојдена за да ја промовира својата најнова песна “Бисер” во соработка со “Гранд продукција” и Влатко Терзиски, човекот кој повеќе кажува и раскажува преку својот кларинет, член на познатите “Академци” и на уште попознатиот ансамбл “Танец”.

Во делот на бонус гостите ќе ги видиме и слушнеме младиот Дамјан Димески, ептен расположен да ни каже и за песната, и за факултетот и за семејниот бизнис…групата “Селект бенд” од Битола и Трајче Китановски, интернационален соколар кој ни го донесе и својот јастреб Хари и ќе ни раскаже како заедно вршат биолошка заштита на околината во која живееме. Тука е и наша Анета со својот избор на песни и стандарните група “Молика” како задолжителна музичка придружба на сите наши гости и пријатели.

Вечерва 20 часот…шоу “7/8” за сите ваши можни расположенија!!!