Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Ален Хасановиќ, Христос Еленидис Рус и Огнен Здравковски…

“7/8” со Ален Хасановиќ, Христос Еленидис Рус и Огнен Здравковски…

///
Comments are Off

Екипата за вечерва е добро позната на македонската јавност, но и на балканската…сите тројца имаат учествувано во познати српски шоу програми од натпреварувачки карактер. Станува збор за младите Ален Хасановиќ и Огнен Здравковски кои стигнаа високо во финалето на шоуто “Ѕвездите на Гранд” и веќе си обезбедија договори со “Гранд продукција”, вечерта ќе ја започнат со свои авторски композиции “Једина нада” и “Душа” испеани на српски јазик, ќе запеат и на македонски, ќе споделат музички искуства но ќе откријат и по некоја своја лична особина… и Христос Еленидис Рус кој ги освои гледачите и победата во 2017 година во шоуто “Никогаш не е доцна”, има интересна животна приказна, долго искуство на естрадата заедно со својот бенд “Руски рулет” и ќе признае дека кога не би бил пејач, сигурно би бил одличен готвач. Музичкиот дел ќе биде како секогаш во придружба на групата “Молика” и овој пат гледачите ќе имаат можност да уживаат во гласот на Јовица Наумчевски и неговиот избор на песни. За поинтересна атмосфера во студиото ќе ни гостува и Христијан Шопов, можеби единствениот познат магионичар во Македонија кој ќе раскаже од каде му е љубовта кон триковите, дали има други заинтересирани на кои може да им го покаже патот кон магијата и нормално, ќе се претстави со неколку негови трикови.

Вечерва 20 часот…од се по нешто но најмногу музика…бидете со нашето популарно шоу “7/8” и Анита Даева на фреквенцијата на BalkanMusicTv!!!