Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Дамјан Стојаноски, Елена Андоновска и Горанчо Ангелов…

“7/8” со Дамјан Стојаноски, Елена Андоновска и Горанчо Ангелов…

///
Comments are Off

Вечерашните гости ги спојува љубовта кон македонската традиционална и изворна музика, како и новосоздадената. Сите популарни на свој начин, активни на музички и професионален план вечерва во опуштена атмосфера ќе кажат збор два за актуелните проекти и планови, но нема да поминат и без прашања од нивниот приватен живот. Па така, за сите гледачи на нашето популарно шоу “7/8” ќе говорат, пејат и свират…Дамјан Стојаноски, моментално актуелен со неговиот најнов хит “Свири гајдаџи” за кој самиот ги напиша музиката и текстот, популарен и сакан поради своите хитови кои секогаш ја освојуваат публиката “од прва”, здравје боже со план за есенска турнеја во Австралија за која веќе наголемо се продаваат билетите…Елена Андоновска, нашата музичка самовила која со својот нежен и истовремено моќен глас го продолжува животот на песните испеани од нашите најголеми македонски музички доајени на народната и изворна музика, меѓу останатото ќе ја слушнеме со нејзината најнова песна “Преку седум неба” испеана на овогодинешниот “Фолк Фест Валандово”, членка на пејачката група при ансамблот “Танец” со кој ја освојуваат публиката на сите страни од светот…Горанчо Ангелов, доктор по етномузикологија за кого студентите имаат само најпофални зборови, другарува со гајдата од својата девета година и до ден денешен е целосно посветен на изворната и традиционална музика, среќен поради тоа што повторно се бараат народните инструменти по семејните веселби, вечерва подготвен за нашата публика со “Манастирска гајда” на гајда и “Циганчица” на зурла.

Од топлите источни краишта ни доаѓа и брачниот пар Кристина и Слободан Трајанови од познатиот “Крешендо бенд” кои својот професионален и приватен живот успешно го балансираат веќе со години. И како големо музичко и пратечко освежување вечерва ќе не дружат и нашите музички пријатели, популарните “Екстра бенд Скопје” кои освен како придружба на нашите гости ќе ни се претстават со познатата “Три години болен лежам” и мега хитот “Свадба е голема”.

Вечерва 20 часот…сите погледи и сетила водат на фреквенцијата на BalkanMusicTv и кон популарното музичко шоу “7/8″…не пропуштајте!!!