Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Анета Мицевска, Наумче Мојсовски и Јовица Наумчевски…

“7/8” со Анета Мицевска, Наумче Мојсовски и Јовица Наумчевски…

///
Comments are Off

Нашите врати се секогаш отворени кога има повод за нови музички проекти, планови, успеси и се она што вреди да се подели со нашата ценета публика. А кога станува збор уште за нивни миленици, тогаш задоволството е уште поголемо. Така ќе биде и вечерва затоа што на гостинските места ќе седнат нашите музички домаќини Анета Мицевска и Јовица Наумчевски во тандем со нашиот некогашен познат ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски. Што се однесува до музиката поводи има два, новиот видео запис за песната “Дари ми љубов” и престојната светска турнеја на групата “Молика” закажана за втората половина од годината. А кога станува збор за спортот тука е првиот човек на Агенцијата за млади и спорт т.е. Наумче, кој истата функција ја прифатил за да ги смени работите во спортот. Овие и многу други разговори од професионалниот и приватниот живот на нашите гости, ќе ги слушнете ако бидете со нас на фреквенцијата на BalkanMusicTv со почеток во 20 часот. И секако, ова ќе биде збогатено издание со многу музика и изведби за срце и душа.

А кога ни гостуваат млади инструменталисти и тоа во комбинација со традиционални инструменти, нашето задоволство е уште поголемо. Од Демир Хисар ни доаѓа младиот Петар Ангелевски со две интересни изведби на “Македонска селска гајда” и “Весела гајда”, а од Штип повторно со нас ќе биде младата Елена Наумова со нејзиниот избор “Во бело”. Што би се рекло, ќе се пее и свири како никогаш досега, а нема водителско прашање кое нема да има одговор. За сето тоа ќе бидат заслужни нашите гости, искрени и опуштени, Анета, Наумче и Јовица….не пропуштајте!!!