Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Живе Мешуревски, Адријана Ацевска, Дуле Китановски и Оливер Алексовски…

“7/8” со Живе Мешуревски, Адријана Ацевска, Дуле Китановски и Оливер Алексовски…

///
Comments are Off

Една млада екипа е спремна за музичко и опуштено дружење во вечерните часови на фреквенцијата на BalkanMusicTv, и тоа…Живе Мешуревски кој ни доаѓа од Ресен, при крај со музичките студии но паралелно и работи, со најава за “женачка” во наредната година, вечерта ќе ја започне со најновата песна “Дури не остарам” испеана на овогодинешниот “Прилеп фест”…Адријана Ацевска секогаш расположена за муабетење на секоја тема, благодарна на работата која и овозможи да го пропатува светот и секогаш да изгледа “скоцкано”, љубител на животните и мајстор за се по дома, вечерта ја отвора со новата песна “Нема правила” исто испеана на “Прилеп фест”…инструменталистот Дуле Китановски од популарните “Екстра бенд Скопје” со кој веќе 15 години се дел од семејните веселби и прослави на оние кои го сакаат нивниот стил и енергија, најопуштениот од вечерашните гости кој искрено ќе си признае дека не го бива ниту за готвење ниту за поправки по дома, дека пробал да биде “нормален човек” ама не оди и затоа го работи она за што најмногу е надарен, музиката…и Оливер Алексовски кој одлично се вклопи во истиот бенд како вокал и по потреба инструменталист, скромен и умерен во говорењето ама секогаш расположен со својот глас да ја расположи публиката, сака да готви, ги сака животните и нон стоп чува по нешто…се на се, ќе има многу музика, смеење и теми “за дилеми” од типот што да се каже или не.

Спасе Антевски ќе не почести со две негови интерпретации на песните “Има ли песна” и “Краљице срца мога” и сето тоа во придружба на нашите големи музички пријатели “Ектра бенд Скопје”.

Вечерва 20 часот, музичко шоу за релаксирање “7/8″…само на фреквенцијата на BalkanMusicTv!!!