Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Борче Наумовски – Министерот, Ивана Наумова и Ферус Мустафов…

“7/8” со Борче Наумовски – Министерот, Ивана Наумова и Ферус Мустафов…

///
Comments are Off

Ако искуството кај музичарите се мери со годините, тогаш вечерва имаме гости од сите можни генерации…Борче Наумовски – Министерот, роден во Австралија но потоа како мал донесен во Битола каде живее до денешен ден, на музичката сцена повеќе од 25 години со почетоци во некогашната МРТВ каде на потежок начин ја изградил основата, учесник на многу фестивали, со снимени 4-5 албуми со новокомпонирани и староградски песни, татко на три ќерки на кои со задоволство им ги исполнува сите желби…Ивана Наумова, со завршена Музичка академија и запишан втор факултет по психологија, потекнува од познатото музичко семејство од Штип познато како “Бумбари”, ја сака и следи модата која се вклопува во целост со нејзините музички ангажмани…Ферус Мустафов, успешно ги носи своите 71 година, нашиот најпознат саксафонист кој Британците своевремено го нарекоа “крал”, како млад живеел пет години во Сараево каде свирел во телевизискиот оркестар, учител на многу ученици но вели дека уште никој не свири како него, за секого има добар збор ама не памети дека и за него колегите лошо зборувале, оваа година прославува 50 години на музичката сцена.

На гости со своите инструменти ни доаѓа еден од учениците на Ферус, Мајкл Карадаковски со настапи на “Чочек три гонга” и “Кимово оро”. Од Штип заедно со својата сестра ни доаѓа Петар Наумов и со заеднички настап за песната “И уште не знам каде си”, како и прекрасната “Ја излези Ѓурѓо”. За потполна музичка атмосфера тука се секогаш Анета и група “Молика” со свој избор на песни за вечерва.

Гледајте, слушајте, уживајте и насмевнете се…вечерва во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv…