Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Анета Мицевска и Јовица Наумчевски…

“7/8” со Анета Мицевска и Јовица Наумчевски…

///
Comments are Off

Кога веќе си го фативме редот и терминот, задоволството да си ги претставиме сите наредни гости станува се поголемо и поголемо. Така ќе биде и вечерва затоа што на заедничко музичко дружење и муабетење ни доаѓаат популарните “битолски молики”, Анета Мицевска и Јовица Наумчевски. Овој музички тандем успешно функционира некаде од 2015 година, а во тоа гледачите ќе се уверат преку нивните дует – песни кои секогаш звучат беспрекорно и како едно. Смислата за хумор и опуштените разговори ќе ни ги донесат прашањата од рубриката “Ако криеш – ќе пиеш”, брзозборките, музичките имитации и прашањата од гледачите. Овојпат сите чаши во рацете на нашата Анита ќе останат полни затоа што гостите ни наши, искрено ќе си кажат се…колку килограми најмногу ослабела до сега, дали се снаоѓа во менување автомобилска гума и што не би работела никогаш во животот, прашања за Анета…кога последен пат плачел за нешто, што сака најмногу кај себе и што го вади најмногу “од кожа”, прашања за Јовица. Се на се, повторно ќе ја постигнеме целта…нашите гости да ги доживеете на малку поинаков начин.

И тоа не е се…емисијата музички повесела со своите изведби ќе ја направат и Живе Мешуревски, Сања Ристеска и младиот хармоникаш Костадин Крстески. Тоа би значело дека и вечерва ви нудиме уште еден комплетен забавен полн погодок, кој ќе ви пружи се она што во последно време се помалку го има…музика, смеа и минути за уживање.

“7/8” само за вас на BalkanMusicTv (20:00)…со Анета и Јовица (група Молика), шармантната Анита Даева и оркестарот на Златко Миладиноски…не пропуштајте!!!