Почетна > Арт Студио Продукција > „4U Band“ со нов свадбарски сплет: Химна за љубовта, веселбата и македонската душа (Фото+Видео)

„4U Band“ со нов свадбарски сплет: Химна за љубовта, веселбата и македонската душа (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Со посветеност кон негата на македонската народна и авторска музика, „4U Band“ повторно го воодушевува својот верен аудиториум со нов проект – „Свадбарски сплет“, збир од девет добро познати и омилени песни кои се нераскинлив дел од секоја македонска свадба и семејна веселба.

Снимано во студиото на Мендо Ташкоски – „MT music studio“ во Прилеп, и визуелно оживеано преку продукцијата на Арт Студио продукција и BalkanMusicTV, овој проект е уште една потврда за исклучителната музичка енергија, професионалност и љубовта на бендот кон домашниот фолклор.

Со внимателно избран репертоар, „4U Band“ донесува нов живот на познатите хитови како што се:

  • „Жени ме мамо“ – Влатко Миладиновски
  • „Сите мои другари“ – Ѓоко Дончев
  • „Една наша свадбарска“ – Анета и Молика
  • „Ајде брате“ – Влатко Миладиновски
  • „Ништо без народно“ – Татјана Лазаревска
  • „Македонки билбилјанки“ – Македонски мерак
  • „Што имала к’смет Стамена“ – Народна
  • „Жени се радо мори“ – Ванчо Тарабунов
  • „Да ми пукнеш мила мамо“ – Народна

„Негувањето на македонската музичка традиција за нас е вистинско задоволство. Овој сплет е посветен на сите што прославуваат љубов, на кумовите, старосватовите, деверите, и на сите љубители на песната што душата ја грее“, велат од „4U Band“.

Овој проект е дел од пошироката мисија на бендот – да ја зачува и пренесе македонската музичка традиција на новите генерации, но и да ја адаптира за модерниот слух без да ја изгуби нејзината суштина.

Публиката може да очекува уште многу изненадувања и нови проекти од „4U Band“ во блиска иднина. Во исчекување на новиот народен „Свадбарски сплет“, слушајте, пејте и уживајте во песната што освојува во изведба на „4U Band“.

Може да ви се допаѓа и
Година на музика, страст и традиција: Нови проекти, кавери и видеа во 2026-та што ќе се паметат (Видео)
Празничната атмосфера продолжува во „На Здравје“ – недела во 20 часот само на Балкан Мјузик (Видео)
Додека ние броевме секунди – ѕвездите броеја евра: Најскапите балкански настапи за Новата 2026 година
Пред 8.000 илјадна публика Борче Наумовски – Министерот за естрада и Нокаут ја раздвижија Битола до последна секунда (Фото)