Почетна > Македонија > “Џамбо Агушеви” оркестар – нема недостижни височини…

“Џамбо Агушеви” оркестар – нема недостижни височини…

///
Comments are Off

Кога се споменува нивното име насекаде по светот, светот веќе знае за кого станува збор. Она што на некој му треба да го создаде и изгради за цел живот, тие успешно го направија до сега…а нивниот пат допрва ќе добива на километража. Затоа што се посебни во секој поглед…во идеите, во изведбите, во соработките и секогаш знаат да изненадат со стилот кој го негуваат. Ако некогаш точно се знаеше што е тоа “плех оркестар” и што свират, денес границите се поместија и тоа далеку. Можеби е тоа поради текот на животот, младоста и идеите, ама неоспорно е дека најголема улога има талентираноста, она што е длабоко всадено во тебе и те тера постојано да се докажуваш. Во музиката полето на докажување е широко и недогледно и фала му на бога што тука кај нас е и плодно…така било отсекогаш, така ќе биде и во иднина…

Деновиве Џамбо Агушев на својот ФБ профил јавно се пофали дека албумот “Brasses for the masses” повторно е награден со престижната награда “German Record Critics” како најдобар албум во светот за 2020 година. Секогаш скромниот Џамбо меѓу другото посочи, дека ова е истовремено награда и за нашата Македонија која секаде низ светот успешно ја претставуваат преку своите концерти и настапи. И поттик за понатаму, за вербата и подршката од фановите и публиката која е многубројна и со симпатии ги следат…

Од почетокот на пандемијата па наваму, оркестарот на “Џамбо Агушеви” мораше да откаже околу 100 концерти и своето време го искористија за одмор од напорното темпо на кое беа навикнати. Сега после се искрено се надеваат дека ќе продолжат онаму каде за момент застанаа…со настапи и промоција на последниот албум “Brasses for the masses” за кој има голема заинтересираност насекаде каде се знае и за нив самите. А се знае насекаде по светот…