Почетна > Македонија > Неделно музичко шоу со оркестар “Мераклии”…

Неделно музичко шоу со оркестар “Мераклии”…

///
Comments are Off

Тие се нашиот музички “абер” во Швајцарија каде ја даруваат македонската песна меѓу нашите иселеници и сите оние кои сакаат да уживаат во нашиот богат мелос. И според нивните раскажувања, на голема радост и задоволство нив ги има во голем број…едните кои таму во туѓина копнеат за своите омилени нумери, другите кои знаат да ја почувствуваат нашата музика иако не ги разбираат зборовите. Нивните музички патишта се вкрстија не овде, туку таму далеку од родниот крај…со песната како утеха и за себеси и за другите. Со љубов, работа и посветеност од мерак, затоа што тие се оркестар “Мераклии”…

Овојпат нашето музичко неделно шоу ќе биде резервирано за песни по ваш вкус кои нашите “Мераклии” ги реализираа во соработка со “Арт студио”…едните на нивни терен во убавата Швајцарија, а другите овде кои ги снимија при последната наша средба. “Ах, ах, Ана”, “Бекрија љубовџија”, “Не стој Доне Донке”, “Ај што мерак имам”, “У другом животу”… се дел од нумерите што ќе направат и оваа недела да ја завршите во добро расположение и пријатна атмосфера. За тоа уште повеќе ќе допринесат и нивните колеги и музички гости Анета Мицевска и Спасен Сиљаноски со својот избор на песни…

Недела (19:00)…фреквенција BalkanMusicTv…не пропуштајте!!!