Почетна > Ексклузивно > “Фокус бенд” со промоција на новото видео за песната “Двајца браќа”…

“Фокус бенд” со промоција на новото видео за песната “Двајца браќа”…

///
Comments are Off

Фестивалите се места каде се остварува првиот контакт на песната со публиката, и таму се добиваат првите вибрации дали песната ќе заживее меѓу слушателите. Затоа е потребно да си ги сочуваме, барем оние малку што останаа и држат до својот квалитет, за да можат авторите да творат, изведувачите да си го зголемуваат својот репертоар, а публиката одново да ужива во нови музички нумери.

По одличниот прием на песната “Двајца браќа” на овогодинешниот “Прилеп фест 2022”, природно беше истата за кратко време да добие и свој видео запис. За таа цел “Фокус бенд” се одлучија да соработуваат со “Арт студио” – продукција кои ја реализираа нивната музичка во видео приказна. Тандемот Борче Нечовски (текст) и Дејан Момироски (музика и аранжман) и овој пат ни нудат нумера која има тажна љубовна нишка, но затоа лесно влегува во слушателското уво за што голема заслуга имаат и самите членови на “Фокус бенд”. Од многуте убави и живописни наши македонски предели, идејата за видео записот успешно се реализира на две локации…езерото Козјак кое секогаш плени со својата местоположба и селото Павлешенци (Свети Николе) кое со својата автентичност послужи да се раскаже приказната од дамнешни времиња.

И покрај својата зафатеност и ангажираност по семејните веселби кои повторно се “вратија” како некогаш, членовите на “Фокус бенд” сепак најдоа време за себепромоција преку нивната најнова песна “Двајца браќа”. Темпото продолжува, желбите постојат…успешни наредни музички проекти на радост на обожавателите!!!