Почетна > Ексклузивно > Семи Џонс Алушоски со нова балада “Доцна е”…

Семи Џонс Алушоски со нова балада “Доцна е”…

///
Comments are Off

Веќе ни е познато како е кога Семи ќе запее весела песна…со многу пријатели околу себе, музичари и неизбежните танчерки кои секогаш ја подгреваат атмосферата и расположението. Но, со баладата “Брате мој” Семи на публиката и ја отвори и својата сентиментална страна од душата, што сега повторно ќе го надополни и со новиот музички хит насловен како “Доцна е”…

Овој пат станува збор за љубовна песна која секогаш има добар прием кај слушателите…се разбира ако има добар текст, мелодија и секако добра интерпретација. А тоа Семи навистина го поседува бидејќи публиката веќе го препознава по својот широк и богат музички репертоар. Од познатата екипа ја имаме нашата драга Милица Јокановиќ Кузмановска, која го напиша текстот и со својот нежен глас како пратечки вокал го надополни гласот на Семи. Рама Дамир е во улогата на Music Mixing & Producer, а довербата за снимањето на видео записот и овој пат му е препуштена на Andrew Miaoulis from AM Productions (Australia, Melbourne), кој и до сега успешно со слика ги надополнува хитовите на Семи Џонс Алушоски.

Оваа љубовна балада која раскажува за една невозвратена љубов, ќе им се допадне на сите љубители со чувствително срце кои ќе се препознаат во нејзините зборови. Но, ќе остави силен впечаток и на оние кои ќе го препознаат жарот во гласот на Семи со кој тој секогаш ги исполнува своите многубројни музички хитови. А таа жар ја поседуваат само оние музичари растени, созревани и искалени во едно дамнешно, музички богато и посреќно време.

За сите наши сегашни и идни слушатели…уживајте во новиот хит “Доцна е” на нашиот далечен по километри, а музички близок пријател Семи Џонс Алушоски!!!