Почетна > Ексклузивно > Семи Џонс Алушоски со нов видео запис за баладата “Брате мој”…

Семи Џонс Алушоски со нов видео запис за баладата “Брате мој”…

///
Comments are Off

Кој ја разбира најдобро печалбарската мака, кој ја доживува најтешко разделбата од родната грутка, топлото огниште и своите најблиски?…оние кои го почувствувале тоа на своја кожа, како нашиот пријател Семи Џонс Алушоски кој во далечната 1985 година заминал во далечната Австралија. И можеби затоа, песните кои содржат печалбарска нишка во себе, тој со тажно срце знае да ги донесе пред публиката….како новата балада “Брате мој”.

Зад оваа нова песна на Семи стои тимот кој сега за сега одлично ги одработува сите негови хит нумери…Орце Зафировски (текст), Борче Димитров (музика), Љупчо Павловски (аранжман) и видео Andrew Miaoulis from AM Productions (Australia, Melbourne). Секогаш расположен и достапен за коментар по секоја своја нова промоција, и овој пат Семи ни изјави…”По песните со весел и позитивен ритам, на своите обожаватели сакам да им подарам и една печалбарска балада за која знаев со какви емоции треба да ја презентирам. Верувам дека ќе и се допадне на публиката и ќе допре до сите срца на нашиот македонски народ кој се наоѓа во туѓина и нивните најмили кои ги оставиле во родната земја. Според мене, секој музички изведувач треба да има повеќе песни што ќе ја веселат публиката, но од време на време потребни се и песни што излегуваат дирекно од срцето, исто како мојата “Брате мој.”

До нови музички проекти, слушнете го новиот хит на Семи Алушоски.