Почетна > Македонија > “Сине мој”-нов видео запис на Ташко Каранфиловски…

“Сине мој”-нов видео запис на Ташко Каранфиловски…

///
Comments are Off

Судејќи според тоа како започна, оваа година можеше да биде “бомбастична” за него. Неговата прва турнеја во Австралија во потполност ги исполни сите очекувања кои предходно ги имаше зацртано, онака скромни како за почеток. Но тука секако беа пресудни и “преспанскиот шарм”, позитивноста и еланот за работа кој секогаш го поседува, затоа што тој живее за и со музиката. Можеби затоа додека престојуваше во Мелбурн, Гоце Ристевски му понуди соработка и му ги довери емотивните зборови од песната “Сине мој”. Кога на тоа ќе се надоврзе музиката излезена од работилницата на нашиот најпознат и докажан маестро Милан Завков, тоа значи дека го имаме новиот хит на Ташко Каранфиловски. Песната е снимена во студиото на Љупчо Соколовски кој заедно со неговиот познат брат Новица Соколовски и секако Милан Завков, зедоа учество и во самото снимање на спотот. Истиот се снимаше дел во Скопје, дел во Охрид во соработка со “ИН Продукција”, но најважно од се е дека нашиот Ташко за овој нов музички проект има убаво претчувство како ќе биде прифатена песната од страна на публиката…

Во најтешките денови за нашата естрада, Ташко изминатите месеци беше доста активен на социјалните мрежи со т.н. карантински изведби при што со своите колеги од родниот град, сплотени и позитивни ни ја подарија нумерата “Преспа, крају мој роден”. Публиката на BalkanMusicTv имаше можност да ужива во неговите песни и свадбарски приказни вообичаени за емисијата “Моја свадба”. Во делот пак на нашите карантински шоуа со музика во живо, Ташко Каранфиловски беше специјален гостин на групата “Фортуна” каде на голема радост на многубројните негови обожаватели им подари дел од своите извонредни музички интерпретации. А за понатаму…желбите се големи, но не и неостварливи…љубовта кон музиката е недогледна, но не и секогаш до крај истрошена…мотивот е присутен, се додека постои и публиката која секогаш го има последниот збор…

Во новиот видеo запис “Сине мој” и останатите изведби на Ташко Каранфиловски уживајте секојдневно на програмата на BalkanMusicTv…