Почетна > Македонија > Неделно музичко шоу на “Енерџи бенд” и Ѓоко Јовиќ…

Неделно музичко шоу на “Енерџи бенд” и Ѓоко Јовиќ…

///
Comments are Off

Каде се тие, таму е секогаш добрата свирка, лудата забава и незаборавна атмосфера. Tоа го прават на свој начин и во свој стил, затоа што и самите се темпераментни во душа…музиката само го излекува сето тоа од нив на површина. За нив нема препреки и затворени врати, свират се што ќе посакате и милувате, а за нивните гостувања овде и насекаде низ светот јасно говорат снимките на социјалните мрежи и фотографиите. А она што го прави човека да биде издигнат во височините е хуманоста која многу пати досега ја имаат покажано на дело…затоа што секогаш тргнуваат од себе, своите фамилии, пријатели, па се понатака. Тие се наши, единствени, лудо заљубени во музиката и настапите…тие се “Енерџи бенд” и Ѓоко Јовиќ.

На големо задоволство на нашата многубројна публика, во недела (19:30) на фреквенцијата на BalkanMusicTv ве очекува едно богато, разновидно и незаборавно музичко шоу, токму на “Енерџи бенд” и Ѓоко Јовиќ. Истото е снимено во несекојдневен амбиент на музички инструменти (“Мими Музика”) и во реализација на “Арт студио” – продукција. А во него ќе си пронајдете од се по нешто и за секој “истенчен” вкус…македонски народен сплет, актуелни српски хитови изработени во нивни модерен и урбан стил и забавен сплет со песни посветени на нашиот Тоше Проески. Се на се, секогаш расположените момци од “Енерџи бенд” и вокалот Ѓоко Јовиќ и овојпат ќе ви подарат музичко уживање како што впрочем само тие знаат и умеат… се до следното затоа што публиката и нивните обожаватели го бараат тоа од нив, со љубов и душа…

Не пропуштајте, недела (19:30) – фреквенција BalkanMusicTv!!!