Почетна > Македонија > Блаже Богев…човекот со посебна насмевка

Блаже Богев…човекот со посебна насмевка

///
Comments are Off

Вчера по долго боледување не напушти нашиот Блаже Богев, фолк пејач од кавадаречката естрада познат по својот мек и кадифен глас. Во неговата долгогодишна кариера тој беше познат по изведбите на старо македонските песни и серенадите за душа кои во потполност му прилегаа на неговиот боемски начин на живот. Во една пригода Блаже гордо ќе изјави…”Се чувствувам почестен што влегов во музиката во периодот кога во тогашната РТ Скопје се вреднуваше вистинскиот квалитет на изведувачите. Среќен сум поради мојот музички наследник, синот Роберто со кој планираме уште долги години да се бориме против неквалитетната музика и хитовите што брзо се забораваат. Токму поради тоа бев принуден да се повлечам од естрадата цела една деценија, но сега повторно имам мотив и сила да се вратам назад и да ја исправам неправдата која и се нанесува на македонската музика”…

Блаже Богев сними шест албуми со стари македонски песни. Истите тие со големо задоволство ги исполнуваше на своите многубројни гостувања, во последните години најчесто во соседна Србија и Бугарија. Но после се, секогаш му се враќаше на родното Кавадарци за кое велеше дека никогаш нема да го напушти…исто како луѓето, животот во него и музиката!!!