Почетна > Ексклузивно > Семи Џонс Алушоски со најава за две нови песни…

Семи Џонс Алушоски со најава за две нови песни…

///
Comments are Off

По одличниот прием кај публиката на песните “Роденден” и “Друштво весело”, Семи Џонс Алушовски најавува уште две нови песни. На тој начин сака да го продолжи својот тренд на музички хитови. А кога се соработува со искусни музички тандеми, успехот не може да изостане. Од далечна Австралија секогаш расположен за разговор, освен топлите поздрави Семи ни ги пренесе и своите планови за блиска иднина…”Ако се оди според мојата замисла, планирам на секои два до три месеци да пуштам по една нова песна. Во моментов, во припрема ми се песните “Брате мој” која е печалбарска песна и “Радост голема”. За првата повторно соработував со Орце Зафировски (текст), Борче Димитров (музика) и Љупчо Соколовски (аранжман). Истата говори за печалбарите кои го напуштиле родното огниште и своите најблиски, чувства кои сите овдешни нашинци ги носат во себе. Втората песна “Радост голема” ја напиша Орце Стевковски, аранжманот е на Славко Ристески, а на саксафон гостува Кире Илиевски. Освен нови песни во план сум да настапам на два фестивали кои ќе се одржат овде во Мелбурн. Инаку обожавам мирен живот и задоволен сум со него, па пеам само ако излезе некоја приватна свирка кога се во прашање мои пријатели или добри познаници. Снимањето песни го правам за нашиот народ и моите слушатели кои сакаат од време на време да слушнат нешто ново од мене…и секогаш ќе бидам тука за нив”.

А ние секако ќе бидеме тука да ве известиме за сите новитети кои за вас со големо внимание и љубов кон музиката, секогаш ги подготвува и презентира нашиот музички пријател од Австралија Семи Џонс Алушовски. До излегувањето на новата песна уживајте со неговиот последен и весел музички хит “Друштво весело”…