Почетна > Ексклузивно > “Да заиграме” на Сања Ристеска ја освои публиката…

“Да заиграме” на Сања Ристеска ја освои публиката…

///
Comments are Off

И навистина…за многу кратко време од премиерата на новиот видео запис на Сања Ристеска за песната “Да заиграме”, не стивнуваат позитивните коментари од нејзините обожаватели и љубителите на веселата музика. Можеби е до добрата песна (Јане Рафаиловски), добриот аранжман (Љупчо Павловски), добриот видео запис (“Арт студио”), добриот амбиент (ресторан “Arcus” – Куманово), веселото друштво и атмосфера за која се погрижија некои од познатите колеги и секако дел од пријателите на Сања…. но најмногу е секако од самата Сања Ристеска која заблеска во венчален фустан и така комплетно визуелно ја донесе песната пред гледачите. Тоа пак придонесе за големата гледаност на самиот видео спот, која во иднина несомнено сеуште ќе расте.

Нашите семејни веселби заслужуваат песни кои ќе се пеат со полно срце и душа, со високо кренати чаши и драги луѓе кои заедно со нас ќе ги делат песните, радоста и моментите на убавите нешта што ни се случуваат во нашиот живот…исто како во новиот видео запис на младата Сања Ристеска.