Почетна > Ексклузивно > “Свири гајдаџи” – нова песна и видео запис на Дамјан Стојаноски…

“Свири гајдаџи” – нова песна и видео запис на Дамјан Стојаноски…

///
Comments are Off

Кога создаваме нови песни тие доаѓаат дирекно од нашето срце, од нашето душевно расположение, од нашите денови што не исполнуваат. Во повеќето случаи преку нив се предаваме себеси на публиката и таа веднаш ја прифаќа нашата внатрешна страна…вљубена, таговна, горда, осамена или радосна. Во деновите кога музиката повторно се слуша на сите страни во нашето опкружување, најмногу од се сакаме да се радуваме и таа радост да ја пренесеме на нашите обожаватели.

Токму една таква весела песна ни доаѓа од нашиот популарен Дамјан Стојаноски кого публиката најмногу го обожава поради негувањето и исполнувањето на патриотските песни. Но, богатството на еден изведувач се состои од разновидноста, па така на повидок е еден нов музички хит насловен како “Свири гајдаџи”. За текстот и музиката се погрижи самиот Дамјан, а аранжманот е на искусниот Дамир Имери. Колегите од ВИС “Аманет” одлично се вклопија во мелосот на песната и тоа…Андреј Трајковски на гајда и Симона Петковска и Ивана Чаловска-Ангеловска како женски вокали. Видео записот се снимаше во соработка со “Арт студио” – продукција следејќи го новиот модерен тренд на снимање спотови.

Оние кои ја слушнале новата “Свири гајдаџи” на Дамјан Стојаноски, велат дека песната е вистинско музичко освежување кое ни е потребно токму сега и овде…каде живее народ со срце и кој сака секој слободен миг да го искористи во славење на животот. Каде народот сака да ужива со самите почетни звуци на гајдата и сите народни традиционални инструменти, звуци кои поткреваат на веселба.