Почетна > Македонија > Роденденско изненадување за Живе Мешуревски…

Роденденско изненадување за Живе Мешуревски…

///
Comments are Off

Кога си заљубен и исполнет со љубов, за саканиот или саканата правиш работи искрени и од срце…за да ја покажеш и докажеш својата љубов, за да ја усреќиш својата сродна душа и да го направиш денот да биде за паметење. Таков еден ден ќе има и нашиот музички пријател Живе Мешуревски, кој за својот 23 -ти роденден беше пријатно изненаден од својата девојка Ангела Узуновска со интересна фото сесија. А таму…богатство од взаемна љубов, сончевина, есенски златести пејсажи и богатството што го има во нашата позната Преспа, на далеку прочуеното преспанско јаболко. За самата идеја и реализација, кратка изјава ни даде самата Ангела….” Целата организација за фотографиите беше моја идеја која произлезе од моменталната сезона за берење на јаболка во нашата убава Преспа. Со Живе сме веќе една година во врска, среќни и заљубени исто како од првиот ден и сакам да му приредувам изненадувања. Оваа фото сесија ги спои на едно место нашата меѓусебна љубов и љубовта кон јаболката, бидејќи семејството на Живе е едно од најголемите производители на јаболка во Преспа. Здравје боже, во иднина Живе и јас ќе го продолжиме овој семеен бизнис на кој активно се работи да биде што повеќе модернизиран. Секако дека е тешко да се работи и да се постигне се, но мојот Живе секогаш вели дека “кога се сака, се се може”. Можеби затоа тој успешно ги вклопува и своите музички ангажмани и обврските околу семејниот бизниз…секако со моја неизмерна и голема подршка. Се надевам дека успеав пријатно да го изненадам и дека овој 23-ти роденден ќе го памети како посебен ден за него.”

Кон честитките на Ангела се придружуваме и ние…нашиот Живе Мешуревски уште долги години да го прати добро здравје, среќа, љубов во изобилство и многу музички хитови во кои ќе уживаме со задоволство…